„Once a playmate, always a playmate“

Плејбој пак победи

Или, може да се каже дека победуваат некогашните Плејбој-зајачици, кои пред 30 години помагале на тогашната генерација сексуално да се пронајде. Сега повторно позираат, сè исто, но со црти на лицето (и не само на лицето) кои покажуваат години, искуство, ботокс, отсуство на ботокс и поглед што кажува „мене сè ми е јасно“. И веројатно нема тешко да ви падне слатката дилема да се одлучите дали ви се појаки сега, или тогаш.

Луѓето во Плејбој се сметаат за фамилија, и тоа таква што секогаш ќе си ги тинтра и сегашните и поранешните девојки. Секоја плејмејт-девојка на некаков начин има придонесено за успехот на списанието во текот на годините и токму ова е инспирацијата за фото-сесијата која ги слави баш нив.

Плејбој покани шест девојки од старите насловни страници за повторно да позираат како и првиот пат за списанието.

„Додека работевме, нè потсетија дека убавината нема возраст, а сексапилот е безвременски,“ велат од Плејбој.

Лиса Метјуз

Моник Сан Пјер

Рене Тенисон

Кимберли Конрад

Кети Сент Џорџ

Шарлот Кемп

Кендис Колинс

Извор

16 јуни 2017 - 16:55