Пица за доручек е поздраво од корнфлекс, фала многу пријатно

Викаат дека не треба да веруваш во се што ќе прочиташ на интернет. Освен во овој случај.

Веројатно ви се случило да ви остане пица од претходната вечер и со малку грижа на совест да им влезете на останатите парчиња сабајле.

Добрата вест е што нема потреба од грижа на совест: изгледа сте му правеле услуга на телото.

Според Челси Амер, специјалист за исхрана и блогер, пица за доручек е често подобро од чинија житарици, на пример. Се разбира, го знаевме ние тоа, ама не знаевме и дека е реално подобро. Челси за Evening Standard вели:

„Би се изненадиле ако ви кажам дека просечно парче пица и чинија корнфлекс со полномасно млеко имаат приближно ист број на калории. Сепак, пицата содржи повеќе протеини и ќе ве држи сити и полни со енергија цело утро.”

Освен ако не се фатите за нешто скроз грдо и нискокалорично, со овошје, повеќето видови житарици се преполнети со шеќери. Затоа, без разлика што пицата не е прва на список за „здрав почеток на денот”, сигурно е подобра опција.

А сега, има една колешка на првава што сака да ни расипе. Прија Тју, исто така специјалист за исхрана, вели:

„Ако јадете пица богата со кашкавал и кулен не е баш добра одлука, ама ако е со многу зеленчук, тогаш може.”

Па, добро, ако мораш да бираш меѓу зашеќерен корнфлекс и пица со зеленчук… Веројатно нема многу за мислење.

7 февруари 2019 - 14:45