Пак дојде време за бели штикли

Отсекогаш била тенка линијата меѓу добри бели штикли/чизми, и ужасни и евтини (на изглед, оф корс). Затоа и веројатно имате предизвик сезонава, да најдете од првите, затоа што изгледа ќе се враќаат.

Ако судиме според појавата на Емилија Кларк во Њујорк деновиве, плус Кендал Џенер (инаку, официјално супермодел), па Бела Хадид и Емили Ратајковски, изгледа баш натаму треба да се движи човек кога се работи за пазарење нови штикли.

Белите чизми ќе прават пауза.

Баш на сликава, според Вог, „се совршена точка на нејзиниот целокупен изглед, со шарената сукња. А додека обувките се една нова варијанта на неутрално, црната маичка е пофина варијанта на евтината бела маица”, која е инаку уште еден поминат тренд што решил да се враќа на голема врата.

Еве, имаат и потврда од супермоделот:

И од сестрата на другиот супермодел:

Ќе се преправаме дека ништо поважно не ни се дешава периодов и ќе истакнеме дека треба да се биде особено внимателен со изборот затоа што белото колку што предизвикува восхит ако е добро избрано, толку и лесно може да се извалка, колку во вистинската смисла на зборот, толку и со изработка, квалитет, како дел од цел аутфит и од личноста што го носи.

А фино е бело, не дека не. Само може ли да се натпреварува со врвот?

23 мај 2018 - 18:04