Па, и ние би си отишле

Наслови во демонските британски весници од кои бегаше и Дајана на времето - каде што е очигледно како ја сликаат Кејт Мидлтон, а како Меган Маркл.

За една иста работа, Кејт ја фалат, Меган ја плукаат.

На пример, за гушкање на стомакот за време на бременоста:

За Кејт: „Уште малку! Бремената Кејт нежно го гушка стомачето, додека ги завршува кралските должности пред да замине на породилно - а Вилијам потврдува дека секој момент може да се породи!”

За Меган: „Зошто Меган Маркл не може да ги одвои рацете од стомакот? Експертите одговараат на прашањето што ја разбранува нацијата: Дали е гордост, суета, глума - или њу ејџ техника за поврзување со бебето?”

Или, бетер, за авокадото:

За Кејт: „Лекот на Кејт за утринска мачнина? На принцот Вилијам му подарија авокадо за бремената војвотка.”

За Меган: „Бремената војвотка од Сасекс промовира овошје поврзано со рестрикции за вода, нелегално сечење шуми и општ пустош на околината.”

Или, за односот со кралицата:

За Кејт: „Карол победи во битката меѓу бабите! Војводата и војвотката од Кембриџ ќе го поминат Божиќ со семејството Мидлтон, наместо со кралицата во Сандрингем.”

За Меган: „Зарем не заслужува кралицата подобро од ова збунувачко отсуство за празник? Ричард Кеј го испитува влијанието на одлуката на Хари и Меган да не го поминат Божиќ со кралското семејство.”

Или, како Меган ќе ја убиеше малата принцеза:

За Кејт: „Секогаш можете да се изразите со цвеќиња.”

За Меган: „Како цвеќињата на Меган Маркл го доведоа во опасност животот на принцезата Шарлот.”

И уште има.

Иди си Меган, ич да не ти е гајле.

14 јануари 2020 - 12:27