Опра има пет правила за подобар живот

„Тешко е да бидеш тажен кога се фокусираш на тоа што го имаш, наместо на тоа што го немаш,” изјави еднаш Опра за Вог. Можеме да дискутираме за ова, можеме и да се правиме на тошо, може е тешко применливо на оваа страна на светот, ама сепак, кога Опра збори, едно е сигурно: канти не тропаат.

И вели вака:

Балансот ви е најбитен

„Можам да јадам што сакам, само не можам во исто време. Што е всушност целата филозофија на животот: Можеш да имаш сè. Само не можеш сè во исто време.”

Вака кога ќе го срочи некој, „не може да имаш сè” и не делува така разочарувачки и мрачно. Не значи дека не можеш да имаш и работа, и стан, и кола, и партнер и куче. Може само значи дека не можеш и секој ден благо со тоа. Само во одредени денови.

Смисли си сопствени стандарди за убавина

Кога сите би имале сопствени стандарди за убавина, и уште пофино, кога би ги смислиле за самите ние да се вклопуваме во тие стандарди, веројатно не би скакале наоколу, ништејќи си го раатот со чувство на вина при секое парче торта за празници.

„Мене ми поминаа деновите кога сакав да бидам слаба за да го имам ‘најдоброто тело и живот’,” беше изјавата откако ослабна со Weight Watchers, каде што е и инвеститор и претставник.

Секогаш посветувајте време на себе

„Си давам здрава доза на тишина барем еднаш (а кога можам и два пати) дневно. Дваесет минути наутро и дваесет навечер.”

Нема зборови што можат да доловат колку е важен мирот што сам ќе си го пружиш, и додека не почнеш да се частиш со тишина, нема ни да ти биде јасно.

Биди благодарен од моментот кога ќе се разбудиш

„Никогаш не сум местела аларм, не верувам во тоа. Ме нервира! Го замислувам бројот и се будам пред тоа, најчесто меѓу 6:02 и 6:20, затоа што кучињата се воспитани да излегуваат тоа време. Првата мисла наутро ми е ‘Жива сум. Благодарам.’”

Алармите се ѓаволот, ама оди па разбуди се. Може е време да се размисли за животно дома.

Живеј само во сегашноста

Еднаш, во контекст на тајни на успех и среќа рече: „Диши. Остави. И нека ти текне дека само овој момент го имаш со сигурност.”

И стварно. Да пробаме да поуживаме.

9 јануари 2018 - 09:48