Нека ве разбуди вибратор, затоа што алармот е демоде

Зад најновото од категоријата „Кај им текнуе” стои идејата дека нема смисла жените што сто пати стискаат „снуз” и ги шамараат сите саатчиња со аларм, да страдаат поради нивната неспособност да се разбудат рано. Постои вагинален аларм, луѓе, и се употребува точно како што мислите дека се употребува.

Мерл е уредничка во Базфид што не може да станува рано. Ги пробала сите варијанти, од неколку аларми, до туширање со ладна вода (што е фалично од старт, со оглед на тоа што мораш да станеш за да се истушираш) и упорно касни на работа. На крај, решава да проба нешто што се вика Little Rooster („Петелче”) што има еден прилично уникатен начин на употреба.

Се става во гаќи, со тоа стапчето меѓу нозе и буди - со вибрации. Да не се секирате, доаѓа со упатство и се врзува со телефон, за го контролираш. Само што, застарената верзија ич не си ја врши работата, па Мерл е принудена да ја проба ажурираната.

И, новото петелче функционира.

Кај им текнуе?

14 ноември 2017 - 14:31