Требаше да биде јасно но...

Не е добро да се вежба со шминка

Да почекаме некоја година, да им легне информацијава на пола девојки по нашиве теретани, или да продолжиме? А, ова одамна беше јасно, само што вежбањето стана хаштаг, а кога е хаштаг, не бива да не личиш на ништо, а ако не личиш на ништо, како ќе објавиш на сите профили дека ете, си вежбал? Можеш ти и да шернеш колку километри си истрчал преку апликација, ама кој ќе те види така.

Како и да е, во ред е да ставиш маскара додека вежбаш, со тоа што треба да ти текне дека ако стварно се посветиш на вежбањето, може да ја најдеш растечена на крај. Океј, ај воодотпорна, па ќе видиме. Ама пудра и течна и камена е голем ризик за блокирање на порите и спречување на потта да излезе надвор.

„Кога ни е топло, се случуваат неколку работи кај кожата. Прво се поти, второ се опушта и ги зголемува порите. Ако додадете слој макар и од најдобрата шминка, ај што ќе ви се растече, туку и ќе си направите проблеми со кожата (се разбира дека ќе ви излезе нешто).“ Ова го кажува Деби Томас, експерт за лице. „Кожата треба да дише – особено за време на квалитетно вежбање. Ако измешаш пот, топлина и отворени пори, кожата ќе се блокира. Нема кај сите да се појават точки, но ќе се појават митесери, а можно е и нееднаква текстура на кожата.“

Тоа е тоа малтерот што го гледаме, иначе.

Еве, Адријана Лима може.

Томас препорачува подготвка за вежбање со чистење на кожата, и потоа оставање така, или со некој лесен серум кој одговара на типот на кожата.

Еднакво е важно и чистењето после вежбање. Со зголемени пори, потта и прашината имаат поголеми шанси да се сместат удобно во кожата и да се заглават. „Препорачувам лесно чистење за да не се соголи кожата од природниот материјал, па ставање на вообичаените креми, во зависност од кој дел од денот е.

„Ако баш морате да носите шминка, користете лесна, немасна нијансирана крема (како оваа овде), за да не биде тешко. Потоа, исчистете ја кожата што е можно побрзо – ако може пред да се олади и да се смалат порите затоа што ќе се заглават шминката и другите прљавштини внатре.“

11 август 2017 - 11:35