Москино овојпат прејаки

После сите ќеси за ѓубре, исечоци и лустери што ги видовме од Москино, во Милано се прошета нова колекција, што за жал најверојатно нема да може да ја видиме до пролет (дека имаме нели, неколку илјади евра на страна за неколку Москино парчиња). Овој пат, од-лич-но.

Една работа што се повторува на сите ревии, кај повеќе модни куќи се белите чизми - ултра деликатна работа, со оглед на тоа што е тенка линијата меѓу симнато од писта и симнато од пред МТВ. Во секој случај, забавни ќе бидат оние статии „Модерна Скопјанка ги остави минувачите со вилици до земја”, ако „Скопјанките” решат да инвестираат во тоа.

Друго, решиле дека кожните јакни никаде не одат, само овој пат се непрактично кратки - а сепак имаат што да изјават.

Да преминеме на јакото - чизми, нитни, пердуви, тул, розево, црно и My Little Pony:

 

9 октомври 2017 - 14:23