Мидер е мејнстрим

Shapewear, или по наше, разни типови на мидери и други слични делови од облека што стегаат - веќе станува мејнстрим, па од Кардашијани, до Викторијас Сикрет сите видоа дека може фино да се заработи.

Во последнава деценија, Викторијас Сикрет ги претвори женските тела во одлична алатка за унапредување на економијата, а со тоа, долната облека ја направи поле за политичка битка. Годинава, после постојани критики заради фетишизирање на естетиката на ултра-низок индекс на телесни масти, дозволија и плус-сајз манекенка за прв пат. Скоро објавија и дека ќе го укинат шоуто (исто така многу критикувано).

Но, кога ќе фатат миленијалците да возат нешто, многу јасно дека доаѓа напред, а сите сакаат да се качат со нив заедно. Вешот што стега е сега д тинг, и се проценува дека глобалниот пазар за него ќе се зголемува за 4% годишно, од сега па до 2022-ра.

Ким Кардашијан влезе на пазарот со нејзиното „солушнвер” (она што сакаше прво да го вика Кимоно, па се побуни ЈАПОНИЈА). А какво и да ви е мислењето за таа фамилија, ќе мора да се согласите дека, кога се работи за правење пари во однос на поп-култура, инстинктот им е непогрешив. Неодамна и Опра испофали еден модел на Спанкс. Брендови како Хајст и Фенти на Ријана вклучуваат и спектар на тонови на кожа и повеќе величини.

Без разлика дали мидерот се развил во однос на филозофија, технички како парче е многу еволуиран - новата генерација производи се многу поудобни од самите почетоци. Унапредена технологија на материјали, еднакво дистрибуиран притисок, без шевови, и други решенија што пионерите во оваа индустрија не ги нудеа кога почнуваа.

На фундаментално ниво, сега имаме удобност и добар изглед на располагање. Некои брендови нудат и ствари од типот на 20.000 ласерски перфорации, што значи дека во нивните производи кожата дише, а истовремено ти вадат 5 цм од струк, без да те угушат и да те остават без воздух.

И сето ова, во придружба на изјави од типот - „Мислам, ако тоа сакате.” Уредно изрекламирано зад идејата на женската моќ.

Поточно, новата филозофија е, вие сте прекрасни и вакви, ама ако ептен ви треба, имаме ние и нијанси и модели и сè што треба, мејнстрим е, а вас никој ништо не смее да ви каже. Ќе заработуваме, ама и вас ќе ви биде добро.

10 декември 2019 - 14:24