Мејкап рехабилитација

Во моментов, козметичкиот свет дише на масовна потрошувачка. Сила зема од Инстаграм и пазарот на мега-колекции за шминка, се рекламира со #shelfies на кои се прикажани полици и фиоки за шминка пополни од двокрилен фрижидер. Дојдовме до „повеќе е поубаво”. Но што ако луѓето што ја движат оваа сила одеднаш се откажат?

Баш тоа се развива во моментов на Редит. И форумот е r/MakeupRehab.

Инспириран е од бранот на свесна потрошувачка кој ги фати и навиките за купување и храна и шминка, и таму зависници од декоративна козметика се трудат да развијат поодговорни навики за доброто на нивниот буџет, па и планетата.

Повеќето доаѓаат од r/MakeupAddiction и со години религиозно следат брендови за шминка, сосе нивните нови колекции кои често излегуваат и секоја втора недела. Сега бараат начин да се излечат.

„Се разбира, очигледно е, но кога ќе навлезеш во тој потрошувачки циклус, не ни сфаќаш, или можеби го отфрлаш тоа, само за да оправдаш уште купување. А на никој од нас не му треба уште од сè ова,” вели еден член на форумот.

За да го растурат циклусот, луѓето си ставаат лимит на трошење или преку ноќ се откажуваат со бан, па се учат меѓу себе како полека да се откажуваат. Целта е да се користи тоа што се има, наместо да се купува уште, а се делат и практични совети од типот како да се хакираат некои производи за други намени.

Сепак, секое откажување бара многу повеќе отколку само волја, па и за тоа имаат креативни, иако драстични решенија: блокирање на сите сајтови од каде што се пазари шминка, свачување на сите нијанси на сенки во тетратка за да знаеш што точно ти фали, или креирање на детални ексел табели за следење на искористувањето на шминката.

Го фативте ‘Pan Porn’ моментот? Тоа беше еден невообичаен фетиш кога се возбудуваа корисниците од толку многу користење на шминка, што стигаа до дното на пакувањето. Имаше и период кога инфлуенсерите кршеа палети и сечеа кармини заради забава, а неодамна околу Блек Фрајдеј се појави и движење што го бојкотираше, со наслов Buy Nothing Day. И изгледа е официјално. Сега важи дека „buying less is the new buying more” - купувањето помалку е подобро.

„Глобалните движења за одржливост повикуваат на поодговорни потрошувачки навики,” вели Криси Хилстон-Ги, тренд менаџер во агенцијата за предвидување на пазарот Трендстоп. „Ова влијае свесното трошење да станува мејнстрим. Постојано сме изложени на грижа на совест поради претерано трошење како резултат на тоа што медиумите постојано нè потсетуваат да правиме попаметен избор.”

Со купување на помалку производи за убавина, потрошувачите не само што ја отфрлаат културата ориентирана на трошење, туку го намалуваат и притисокот врз животната средина предизвикан од претераното купување.

5 декември 2018 - 15:47