Малку нешта на светот се боље од мода инспирирана од Дизни негативци

А бе, несвест. Кај им текнуе.

Да, знаеме за на Лагерфелд ревиите. Да, има пичка материна колекции како на Долче и Габана во Комо што те тераат да не трепнеш, па и да навиваш кога Стефано Габана закача луѓе по интернет. Да, ревиите на Москино се жив театар.

Ама ретко се возбудува светот како што се возбуди пред некој ден на соработката на The Blonds и Дизни за најновата колекција облека инспирирана од величината на неговите негативци.

И како да не се возбудиш?

Имаш Круела де Вил:

И уште една варијанта, совршена за на денско кафе, за пазарење, за земање на децата од градинка, за патување... За што сакаш. Најозбилно:

Па имаш Урсула:

Сосе Флотсам и Џетсам!!!

Изгледа Dr. Facilier од „Принцезата и жабата” понудил најмногу инспирација:

Дали тука може да се разбереме дека лиљакова е најјака боја у свет? Фала.

Кралицата од Снежана:

И се разбира, Малефицент:

И, носливи варијанти, што под итно идат на список на желби и се отвара нова штедна книшка за нив, бикоз:

!!!!!!!!!!!!!!!! Нека ми ја купи некој. Поздрав, Јана.

Ги има на сајтот Лорен Моши, на влез иде предупредување за царина при испорака до Македонија, значи може. Па прерачунајте се.

11 септември 2018 - 13:12