Маицата што ќе ни треба после последнава Мет Гала

Кога се поканети на журка со тема „католицизам”, сите се инспирираат од ренесансни слики, витражи, Мадона-статуи и главно златно, луксузно и црвено. Само Ријана се облекува во Папа.

И да не ти е омилена, и да не сечеш вени по Ријана (уште се трудиме да ги разбереме тие со исечените вени по Бијонсе, па до оваа лекција не сме ни стигнале), секако мора да се признае дека од удобноста на нејзиниот музички, козметички и моден трон, Ријана баш фино и необавезно владее со светот. Ако не владее, барем го дрма, па на сето тоа, мораше да му се најде еквивалент и на последната Мет Гала.

А ние како вид милуваме да си ги носиме омилените изјави на маица, па на некој му текнало дека е ред за оваа:

Проблемот е што единственото продажно место во моментов е Амазон, а знаете Амазон каков е:

 

Ама без гајле, ќе пратиме кога ќе ја средат Кинезите па ќе ја донесат до eBay.

До тогаш, и кај нас се печати ова на маици.

14 мај 2018 - 14:33