Љубовно писмо до маскарата

„Има причина што маскарата доаѓа со стапче. Фактот што тој, божем обичен, црн крем може, со едно обично движење да издолжи, здебели, па дури и да извитка трепки не е ништо помалку од магија. За мене, тоа е стапче што замавнува од минатото во сегашноста - од мајка ми (Maybelline Great Lash) и нејзината мајка (Helena Rubinstein Long Lash Mascara), до мене и мојот дневен ритуал за разубавување, кој моите трепки од светли и прави ги претвора во Брижит Бардо-трепки.”

„За да ја извршат нивната функција на заштита на очите од сушење, трепките треба да бидат една третина од ширината на окото, според истражувачи на Институтот за технологија во Џорџија. Мене ми треба помош за постигнување на овие мерки. Па, слава му на Јуџин Римел тогаш, кој во средината на 19-ти век ја извадил живата во женските лакирачи на трепки и ја создал првата нетоксична комерцијална маскара. Римел станува синоним за маскара, и во некој јазици (и на македонски!) сè уште е така.

Опседната сум со маскара. Тоа ми е од оние „што би земала на пуст остов” производи, тој еден производ по кој посегнувам кога немам време за шминкање на цело лице. Ги купувам сите нови финти, со сите видови четки и сега сум познавач, со гардеробер полн маскари за креирање на сите изгледи. Трепки како пајак, трепки како лажни, трепки чисти, со едвај видлива маскара, Твиги, Мос, Марго Тененбаум, Софија Лорен… Па инвентарот: водоотпорна за на одмор и за жешко, за дебели, згрутчени кога ми се претерува и секогаш едно дузина што допрва ги запознавам.

Ова почна кога имав осум години и седев на кадата додека ја гледав мајка ми како се спрема да излезе. Носеше само маскара, но сепак ритуалот имаше церемонија на правење магии. Прво, го полнеше мијалникот со топла вода и пареата ја намирисуваше со YSL Paris, па фрлаше цела рака маскари. „Ќе ги омекне,” ми објаснуваше кога прашував што е со котелот маскари. Кога ќе беа „готови”, нежно ги вадеше од водата, една по една, испитувајќи ги четките, додека не ја најдеше Вистинската. Се наведнуваше кон огледалото, бришеше дел од него од пареата и ја движеше устата на сите можни начини за да си даде пристап до секоја трепка. Кога ќе беше готова, личеше на Линда Еванџелиста. Магија.

Првата маскара што ја имав на 13 ми беше како мала тајна што ми правеше смисла на лцието, бидејќи како да се менуваше од ден на ден. Ретко минувам ден без да носам маскара, не дека ми треба, туку дека ја обожавам. Секогаш се вклопува. Не ти ги истакнува несовршеностите како некои други шминки и не го краде фокусот: како црна долна облека е, која истакнува сè со нејзиното секси, неистакнато присуство. Бара да застанам на момент, да се погледнам во очи и нежно да погалам со неа. Плус, тоа е единствениот производ што можам да го споделам со сестра ми, која е црнкиња. Секој друг дел од нашата убавина е поинаков, но и двете сакаме Max Factor False Lash Effect Mascara.

Во ред, кога плачам, како да ми тече уље за кола од образите, а благодарение на моите тешки капаци, ми се пресликува, но сепак - го имам тоа волшебно стапче. По-шик и полесна од лажни трепки, често поевтина од кафе, и демократска во инстантното влијание на сите бои на кожа и трепки, маскарата ќе ги надживее сите можни производи за уста. Колку пати сме виделе обид без маскара на Модна недела, за да се изнасмееме и да си се вратиме на нашите апликатори наредниот ден? Тоа е затоа што, како што ќе каже Алексија Инге, основачката на CultBeauty.com:

‘Маскарата никогаш нема да излезе од мода.’”

Грејс Тимоти

Види и: Љубовно писмо до црвениот кармин

8 октомври 2018 - 14:08