Лифтинг на плакар, со професионалец

Колку време ви помина од последното преуредување плакар?

Не е битно? Не е. Не мора ништо да се признава. Битно е да се согласиме на неколку месеци се појавува потреба да се напраи лифтинг на плакар. 

За волја на вистината, потребата често се појавува уште наредниот ден, затоа што тоа „среденото” трае до наредното сабајле кога се спремаш за работа, но еве да се договориме дека повремено треба да се прави, а секогаш, ама секогаш треба визуелна инспирација.

По странство можеш да си нарачаш професионалец за ова (пред Ким Кардашијан да сфати што ѝ е true calling баш ова го правеше). Професијата баш и не е локално применлива, ама фино е да се замисли човек како лежи на кревет додека некој што од некоја причина ужива во преуредување плакари - му го средува хаосот.

Овде една комичарка има плакар со фрлена бомба внатре, заглавена даска за пеглање и кутии што не се обележани и не инспирираат со волја да проверуваш што има внатре. И доаѓа колешка што се разбира од средување, носи буџет од 200 долари и неколку решенија за редот да издржи нешто подолго од една недела.

5 декември 2018 - 14:55