Лана Дел Реј, Гучи и гробишта

Зошто насловов те тера да превртиш со очи, наместо да те шокира?

Бикоз, Лана Дел Реј. Она чувствува. Она е полна емоции. Она нешто, нешто, драма.

Шала на страна, во еден пример на одличен маркетинг, својствен за ова наше ново време каде што шокот, а не сексот (ма и сексот) продава, Лана Дел Реј ја прослави нејзината соработка со Гучи на холивудските гробишта, во друштво на споменикот на Џони Рамон и кучето Тото, меѓу другите. Друштво ѝ правеа Кортни Лов, која има камео во видеото на кампањата и Џаред Лето кој учествува, а се слави Дел Реј како заштитно лице на парфемот Guilty.

Ќе доживееме ли локален дизајнер да изведе ваква претстава? Мастермајндот зад целиов театар е креативниот директор на Гучи - Алесандро Микеле, но прашањето е кој од нашите дизајнери би бил спремен да смисли настан сместен на нешто еднакво шокантно и велелепно?

Локално, хотелите и моловите ни се безбедно решение.

Еве не мора Бутел. Бутел нема ни да ги дадат.

Во меѓувреме, ќе потсетиме на ревиите на Шанел, (и на Долче и Габана во Комо!!!)или можеби, дека постои search: epic runway shows, кои би можеле да ги потсетат креативните умови дека постојат еден куп начини да излезеш на крај со твоето уметничко дело - само треба да ти текне.

и

8 ноември 2018 - 11:58