Криси Тајген и Џон Леџенд на детектор за лаги

Важното прашање овде е: дали би се согласиле и вие вака да ве врзат и да ве ловат дали лажете?

Пристојни се прашањата што Џон ѝ ги поставува на Криси.

Дали ме сакаш, дали сум добар цимер, дали и други мажи ти се атрактивни...

Ако сте имале прилика да прочитате или да видите интервјуа на Криси, или да фатите некој нејзин твит, тогаш ви е јасно дека кога ќе дојде на ред да поставува прашања, првото, од основните, за загревање ѝ е „Си ме преварил ли?”

Понатаму, му вика, All of Me е за мене, со текстот all your curves and all your edges, all your perfect imperfections... Ви текна кај води ова?

Да, до „Кои ми се несовршеностите?”

Бујрум идеи како да си ги гњавите мажите по дома. Не ви треба детектор за лаги, само прашајте „што ми е несовршено” и не дозволувајте да се извади со „па, не ја затвараш пастата за заби.”

6 ноември 2019 - 14:51