Кожното фрижидерче на Александар Ванг

Минатата недела Бела Хадид и Александар Ванг се појавија во една неочекувана кампања, како нови лица на сладоледот Магнум.

Покрај вообичаеното позирање со сладоледи кое што следува со ваква кампања, најавија и дека имаат нешто многу важно да кажат на Канскиот филмски фестивал. И додека медиумите се прашуваа дали Хадид ќе позира со сладоледи на црвениот тепих, или дали Ванг ќе дизајнира тоалета со сладоледи, вистината е, ако е можно - побизарна: да, соработка во Кан ќе има, само што не е баш очигледна од прва:

Александар Ванг кожно фрижидерче од 995 долари.

И што си рековте, конечно, фрижидер за на плажа што одговара со вашата потреба да носите нешто кожно и црно во летни месеци? Уште еден дизајнерски додаток, за да бидете комплет со кросовер-сандалите меѓу Југопластика и Гучи?

Еве, некој се потрудил да го вметне во The Sound of Music, како совршено претставување на тоа колку е потребно за на еден ведар пикник.

Плус, коа се иде по краците, и онака се носи пијачка од дома (само блесави купуваат на плажа), па секако дека ви треба.

Фантастична инвестиција.

11 мај 2018 - 12:00