Кога другарка ти ќе донесе цреп

Ви се случило.

Можеби не ви се случило на ваков екстремен начин, ама веројатно сте доживеале другар/ка да го доведе сопственото однесување и вашиот однос до непрепознатливост, затоа што - фатиле дечко/девојка што никогаш не би ни помислиле дека може да ви се приближи, а не па да стане доволно голем дел од вашиот заеднички живот - за да го расипе.

MinuteVideos е Јутјуб канал што, според описот,

спојува уметност со приказни, за да го опфати и позитивно да го промени начинот на кој луѓето се перцепираат себеси и светот. Веруваат дека е важно секому да му се даде глас преку приказни кои можат да помогнат и секое видео што го објавуваат има намера и порака луѓето повеќе да се трудат, повеќе да прават и да станат подобри. Анимираат промена.

...што е точно, а истовремено е и најблиску до раат гледање возбудлив трач, без притоа да се нанесува штета и да се учествува во таа guilty pleasure навика.

Овде нараторката раскажува дека другарка ѝ успеала да ја избрка од свадба. Приказната - класика: цел живот другарки, едната фаќа дечко, станува крпа за под, дечкото сељак, дрзок, ужасен и покрај сè - станува сопруг.

Деталите се граничат со хипербола, и најверојатно и би одмавнале со рака и би рекле - измислено е ова, да не сме биле сведоци баш на вакви ситуации.

17 септември 2019 - 21:01