Каков тип на маж би земал презиме од жена му?

Еден од најупорните родови аспекти на современиот хетеросексуален брак.

Од сите проблематични прашања со кои ги дават жените со векови, најупорните се „Што си уште сама?” „Стварно ли тоа ќе го носиш?” „Кога ќе раѓаш?” „Како успеваш да се снајдеш и со работа и дома?”

И најупорното на свет:

„Ќе го земеш ли презимето на маж ти кога ќе се омажиш?”

Ова прашање, тесно врзано со грозните канцеларии и шалтери кај нас за промена на лични документи, како најдолго да се задржа од сите прашања што одамна требаше да бидат избришани. Според една студија во 2015-та, само 22 проценти од жените го задржале своето презиме.

А сепак, има еден мал процент на мажи кои одлучуваат тие да бидат половината што ќе го смени презимето. Некои истражувачи на Државниот универзитет во Портланд биле љубопитни за тоа кои се овие сопрузи, односно, каков тип на маж би земал презиме од жена му, и направиле истражување со фокус на веројатноста мажот да го промени презимето врз основа на нивото на образование.

За подобро да го разберат, како што велат, „еден од најупорните родови аспекти на современиот хетеросексуален брак,” авторите на истражувањето анализирале одговори на анкета на 877 мажи кои се или биле во брак. Само 27 од нив, или 3 проценти го смениле презимето. Од тие, 25 го земале само презимето на сопругата, а двајца го додале со цртичка.

Интересното е што, кога се разгледувало нивото на образование на мажите што си го смениле презимето, никој од нив немал напредни степени на образование. Всушност, како се зголемувал степенот, така шансите за земање на презимето на сопругата се намалувале.

„Меѓу мажите со помалку од средно образование, 10.3 проценти изјавиле дека направиле нетрадиционален избор околу промената на презимето во брак. Меѓу мажите со средно, а без факултет, процентот е 3,6, а меѓу мажите со факултет, само 2 проценти го смениле презимето во брак.”

Дополнително, истражувачите изјавуваат:

„Пониските класи имаат поголема тенденција да имаат сексистички убедувања, но нивното однесување е поегалитарно во споредба со нивните повисоко образовани колеги. И излегува дека промената на презимето во бракот е одличен пример за ова.”

Важно е да се истакне дека не се работи за тоа кое име ќе го пишете вие или партнерот во документи, туку за различните, често нефер очекувања кои општеството им ги наметнува на мажите и жените. Нели, ако промената на презимето не е ништо посебно, зошто тогаш повеќе мажи не се нафаќаат?

А најважно е, како бе ви се кмиши на шалтер за да вадите нови документи, само за да имате ново, еднакво досадно презиме како вашето?

Кога веќе се потите меѓу ламперии во институција, смислете бар нешто поинтересно.

10 август 2018 - 13:30