Како работи Зара

Во 96 земји ширум светот има 2238 Зара продавници, и секоја од нив добива нова роба два пати неделно. Секое парче облека поминува низ еден од четирите дистрибутивни центри во Шпанија. Најголемиот е во гратчето Артеишо, во северна Шпанија.

Овде живеел основачот на компанијата, Амансио Ортега и овде била првата продавница на Зара. Денес, овде работат околу 5000 луѓе, од дизајнери, фотографи и модели, до работници во фабрика, логистика и производство.

Приказната почнува во главните канцеларии на Зара, каде што екипа од 300 дизајнери разгледува каталози за трендови и прави комбинации за следната колекција.

Кога ќе се создаде еден дизајн, се носи кај луѓе што прават шеми од него, само неколку метри подалеку од просториите за дизајн, и тие ги прават првите прототипи.

Кога ќе се направи прототипот, го тестираат модели кои се патем вработени во Индитекс и работат и во други делови од компанијата. Има околу 10, што ги тестираат колекциите на машка и женска гардероба.

Кога ќе се одобри прототипот, се прави дигитализирана шема и се праќа во една од фабриките.

Кампусот е на површина од 80 км2 и на него има 10 различни фабрики во кои се изработуваат најважните парчиња во Зара. Поврзани се со дистрибутивни центри преку мрежа од подземни тунели кои ја пренесуваат облеката на електрични цевки со закачалки. Другите се праќаат по фабрики ширум светот.

А сите заедно се враќаат до дистрибутивните центри за после да се носат по оние 2238 продавници.

Овде се изработува само женска облека. Еден вработен го споредува процесот со Тетрис. Овде играта е да се вметнат што е можно повеќе парчиња во еден топ материјал, за да бидат што е можно поекономични.

Шемата се праќа во машина која го печати дизајнот во копија како за човек, користејќи релевантни информации околу тоа кое парче каков дел од облеката претставува.

Материјалот се става под големи машини за сечење и хартијата се става врз него.

И двата материјали се држат да не мрдаат со пластични фолии. Машината го сече материјалот и вади индивидуални парчиња материјал.

На потенки материјали може да сече 200 слоеви одеднаш.

Кога ќе ги исечат, хартијата и материјалот се пакуваат во кутија. Хартијата ги има сите информации што им требаат на работниците кои потоа треба да ги испратат на следната дестинација.

Овие парчиња потоа се праќаат во надворешни фабрики за да се сошијат заедно, а се праќаат сосе прототипот, за фабриките да можат да го искористат точниот дизајн.

Кога ќе се сошие, се враќа назад кај Зара.

Поскапите и главните производи на Зара се враќаат и на индивидуална проверка на квалитет.

Со преси се измазнува материјалот.

Ракавите се дуваат со топол воздух за да се оформи ткаенината и да се истегнат шевовите.

Секое парче посебно се пегла.

Потоа се проверува едно по едно…

…заради сигурност дека нема проблематични шевови.

Ако има, се трга на страна…

…И малите проблеми се поправаат на машини за шиење.

Следен чекор се дистрибутивните центри, ги има четири на број.

Кутии со готова облека се распакуваат од камиони и веднаш поминуваат на машина со сензори.

Машината е круцијален дел од операцијата. На секое парче му става РФИД етикета (Идентификација со радио-фреквенција) - проверува колку парчиња има во секоја кутија и на секое ќе му даде електронски идентитет, кој потоа се вметнува во безбедносната етикета. Ова се користи од моментот кога ќе влезе во дистрибутивниот центар, додека не ја купи човек во Зара.

РФИД е една од најновите иновации на Индитекс, а овозможува Зара со точност и леснотија да си го следи инвентарот.

Кутиите се ставаат на лента и се редат во групи. Може да почекаат неколку дена пред да бидат испратени, додека парчињата што се спремни се вадат од кутиите и се носат во одредени продавници.

Во системот има податоци кои ги информираат сите вработени точно колку парчиња ќе добие секоја продавница.

Овие количини се одредени однапред, со фидбек од менаџерите на продавниците, околу тоа што е популарно и како оди продажбата.

Полните кутии се ставаат на друга лента, спремни за испраќање.

Сите кутии што одат низ Европа, одат со воз. Остатокот од светот ги добива со авион.

Во рок од 36 часа, кутиите со облека стигаат до најоддалечените делови од Европа.

За 48 часа ги има насекаде низ светот.

Целиов овој процес бара толку многу вработени, што те тера да се подзамислиш дали се во право тие што не ни работат таму, а урлаат колку се страшни условите, додека луѓето што живеат во Артеишо го благословуваат основачот на Зара и тврдат дека целиот град живее само заради него.

Од друга страна, еве дизајнерка што тврди зошто треба да се избегнува fast fashion.

Па вие видете дали ќе пазарите во Зара или не.

(спојлер: ќе.)

4 ноември 2018 - 16:12