Како изгледа аутфит од 6000 долари

Харперс Базар разговара со три девојки на улица - тоа што носи првата е околу две илјади, втората скоро шест илјади, а кај третата не стига ни до илјада долари. Погодете која е најдобро облечена.

За тие неколку што помисливте дека таа од 6000 изгледа најдобро - не, правилото отсекогаш гласело дека џабе ќе изнадаваш пари на гардероба ако не знаеш да го носиш тоа. Е сега, не дека е тоа случај кај девојката облечена во 6 илјадарки. Знае она како, ама проблемот е што таа што има потрошено нешто помалку од 1000 на својот аутфит е поспремна.

Некаде измеѓу доаѓа и девојката облечена како хип-хоперка, со монтка, менѓуши, нокти и дуксер (нели, она што вришти моментален тренд!), а комбинацијата лесно се склопува во Бершка.

Интересното: Ние како и секогаш - сме назад. На овие Њујорчанки не им е проблем пред еден од најголемите модни медиуми да кажат дека нешто им е купено половно, нешто им е на попуст, а нешто винтиџ, од мајки и тетки. Кај нас некако, како да мора да се истакне и полната цена, за да се наметне некаков непостоечки авторитет.

Еве да видиме: што значи да носиш комбинација од 2517, 5995 и 920 долари.

И ако некој најде како белите штикли на последната - да пријави.

11 април 2019 - 00:00