Ние не сме виделе:

Како изгледа да имаш осет

Кејт Мидлтон е денес симбол за скромност, пристојност и елеганција, нешто што многу им се допаѓа на луѓето што одлучиле како треба да изгледа сопруга на иден крал. И ова е најверојатно затоа што кралицата, за разлика од други шефови на нации - има осет.

Според кралскиот експерт и биограф Кејти Никол, кралицата на времето изразила „длабока загриженост” на тема Кејт, дури и си дозволила да ја критикува нејзината „неподнослива” тенденција да покажува луксуз и богатство.

Плус, сметала дека е многу мрзливо и непристојно што немала никаква работа после колеџ. Според нејзе, неприфатливо било иден член на семејството да нема работа со полно работно време.

Најинтересно за нас, вака паметни, е следното: кралицата ѝ објаснува на Кејт дека тоа што се де на море, де на скијање со принцот „не изгледа баш добро за кралското семејство” со оглед на кризата на британската економија во тоа време.

Гледате како, еден монарх што ужива почит од својот народ, внуците ѝ се принцови, синот треба да ја наследи и да стане крал, и ги поседува сите лебеди во кралството (најозбилно), сепак успева да мисли на тоа како прекумерно и безумно трошење може да изгледа лошо пред јавноста и да биде неумесно со оглед на тоа колку домаќинства се во финансиска криза?

Кој им е крив што се сиромашни, не ко нас, пуни ко брод.

И како го решаваат ова овие, неупатениве? Кралицата дискретно предлага Кејт да се зафати со добротворни организации, па Кејт набрзо почнува да соработува со Старлајт, организација што работи со сериозно и терминално болни деца.

Можеле да отворат и броеви за донации, а од кралската каса да остане повеќе за патни трошоци, ама треба да ти текне.

12 февруари 2019 - 00:00