Како долгиот јазик може да ти донесе 100.000 долари годишно?

Треба да ти текне.

Микејла Саравија е Инстаграм модел и инфлуенсер (aren’t we all?), ама за разлика од обичните, краткојазични инфлуенсери за сиромашни, нејзиниот јазик е долг 16.5 сантиметри.

Бројките се следни:

21 година

2 милиони следачи

Од 900 до 3000 долари по пост (за секси фотографии или фотографии каде што лиже некаква храна)

На некои фотографии ја има облечена во нешто малку, со исплазен јазик.

А вие мислевте дека „долгиот јазик” во насловот има некаква врска со зборење.

На Микејла во шесто одделение ѝ текнало дека може да заработи од јазикот. Омилено видео ѝ е од една фотосесија за Денот на благодарноста, што, според нејзиното кажување, „беше многу смешно, затоа што се преправав дека сум мисирка на трпезариска маса.”

„Правам реклами и го монетизирам мојот Јутјуб канал и апликацијата. Продавам и на мојот сајт. Минатата година заработив скоро 50.000 долари, оваа година треба да е подобро, затоа што веќе имам заработено двојно повеќе од тоа.”

Фан е на аниме и тврди дека и покрај онлајн-персоната, стои со двете нозе на земја и ужива да чита стрипови.

„Би сакала луѓето да разберат дека сум многу приземна.”

Апликацијата, KKVSH ги има нејзините најнови производи - маици, маски за телефони, полначи, дури и секс-играчки. Има отворено и фото-студио во Вест Палм Бич каде што живее и прави своја музика.

Најголема инспирација ѝ е мајка ѝ се гордее што постигнала толку многу на толку млада возраст и што има своја компанија.

А вие пак да си работите сметководство.

17 септември 2019 - 13:22