Неделна доза ентериер:

Кај Лив Тајлер дома

Има пијано за бебе, because, се разбира дека има.

Лив Тајлер живее во Њујорк, и тоа што ќе го видиме на видеото од Architectural Digest нема врска со состојбата во која ја нашла куќата кога имала 24 години. Изградена е пред 2 века, што автоматски значи дека има богата историја (лепенка е со уште две и порано имало премин низ кои што мајсторите можеле да влегуваат од една во друга, па во трета) и крајно е инспиративна во однос на желбата да се оди и да се купи прастара куќа и да се обновува.

Мислам, уште пари и готово, може.

Назад на ентериерот на ќерка му на Стивен Тајлер.

Лесно е да се разубавува кога имаш таков простор, ама треба и осет да имаш за да го направиш така прекрасен. Има една соба што е најдолга и најпретставителна, што сега на семејството му е соба за играње, од проста причина што се шест души (сигурно и Стивен игра со нив таму, и уствари на нас ни треба видео од тоа), и има комбинација на Милчестер кауч со (божем) крзнена фотелја и табуретка што е многу јако и не би ни текнало (букмарк!).

Ни треба и кујната, и библиотеката, и колекцијата машини за куцање на Лив Тајлер, а на Architectural Digest им треба да ја вработат, за да им биде наратор на сите видеа во иднина.

10 септември 2019 - 00:00