Неделна доза ентериер:

Кај Глорија Вандербилт дома

Ретко се наоаѓаат вакви ентериери, а уште поретко луѓе кои ги граделе со години слушајќи го исклучиво сопственото чувство за естетика. И особено е интересно кога тоа чувство е толку еклектично, а сепак толку впечатлива фузија од елементи.

Глорија Вандербилт беше уметник, дизајнер, актер; ако отворите Википедија, по нејзиното име има уште неколку фини именки, неретко својствени за наследничка што пораснала во високите кругови на Њујорк.

Да успееш да ѝ влезеш дома, макар и преку Јутјуб каналот на Д Кат, е едно визуелно частење, ма колку и да не можеш да замислиш тебе дома да ти биде такво.

Минатиот пат нè воодушеви еден од последните боемски простори во Њујорк - ама и ова не е баш далеку од таму, и не е посиромашно со историја.

 

6 декември 2019 - 13:48