На еден од каналите полни богатства што ги нуди Јутјуб, има осврт на храна според Ворхол. Авторите на видеото се потрудиле да ни го претстават и според храната што ја обработува неговата уметност (што, океј, знаеме, сме виделе), но и преку неговите редовни оброци на кои бил фиксиран во одредени етапи на неговото творештво.
Меѓу другото, еден куп цртежи и слики има, кога работел за модни списанија (ракописот под нив е на мајка му!), фотографии од излозите за кои создавал уметнички дела, па и брошури за ревматоиден артритис.
И што е најважно, за да можеме стварно да јадеме како Ворхол, има рецепти. Тој со чоколадото е особено занимлив. Е сега, некои се едноставно лупење банана, ама моментот за уживање е што сè што е на списокот има приказна зад себе.