Изгледа се озбилни со крпата за цицки

Помина периодот во кој што некој требаше да каже „а бе, трол е ова“, што значи дека светот сериозно го има снајдено „Ta-ta Towel“, слободно преведено во „Крпа за цицки“. Не само што е производот глуп, туку и рекламата те тера на секој 4 секунди да се прашуваш „НО, ЗОШТО?“

Само што завршив со гуглање „дали ta-ta towel е заебанција“, и не е.

Колку подолго гледаш, толку понејасно станува. Ако се носи по дома, зошто да не носиш бебидол? Кроптоп? Ако е за да избришеш површина или „да собираш пот“, зошто не пешкир? Обичен пешкир? Кој го смисли ова? Како им текна?

Зашто на пример, овде да не виси и пешкир? Како ќе се избрише со оваа гаќа?

Само кога живееш сама смее, или? 

Крпата, како производ, ветувала дека засекогаш ќе спасите од потење под гради. А кога си надвор?

Премногу мистерија за една крпа. Ни од видеово не се разјаснува ништо.

9 август 2017 - 12:03