Имаме невеста на годината

На кратко: Бара донации за свадба; свадбата се откажува; невестата - парите во џеб и бара уште пари. А вие мислевте дека вас ве замараат со нијанса на фустан за деверуша.

Сè може да се случи: најдобрите планови на себичните невести знаат да се расипат, на пример. Но, етички би било, ако веќе откажуваш свадба за која си собрал пари од донации, да им ги вратиш парите на луѓето, или да ги прашаш дали смееш да ги искористиш за новиот датум.

А меѓу многуте работи што НЕ треба да ги направиш, спаѓа и:

задржување на парите,
користење за одмор (затоа што не е меден месец ако не сте се земале) и други неодредени намени,
и
да побараш уште.

После долго размислување и расплакани разговори со нашите најблиски, решивме да ја откажеме нашата зимска свадба. Понатаму ќе ве известиме кога ќе ни одговара да презакажеме.

Благодарни сме на секој од вас за дарежливите донации за нашиот фонд. Ви се верува дека собравме 30.000 долари? Неверојатно! Без гајле, парите што ги дониравте нема да се трошат залудно, туку за меден месец во претстојниов период. Откако повторно ќе бидеме финансиски стабилни и ќе се смириме после медениот месец, ќе објавиме нов датум за свадба и повторно ќе го отвориме фондот за нови подароци. Свадбите се скапи!

Благословени сме што имаме дарежливи роднини што ни дадоа големи донации. Тоа ќе помогне за трошоците за медениот месец и ќе оди во уште подобра идна свадба. Немаше да дојдеме до овде да не бевте вие.

Ве молиме останете вклучени! Во меѓувреме, ќе го ажурирам нашиот регистар за подароци на Амазон, ако некој сака да ни подари нешто за на меден месец. Ако имате некаква идеја каде да одиме, пратете ни порака, на мене или на Едвард!

Како што спомнав, ќе ви кажеме кога ќе го отвориме фондот за пари и кога ќе имаме нов датум за свадба. Немојте да бидете тажни, новата свадба ќе биде ХИТ!

Ве сакаме,

Пам

Ова е приказна од Редит (што значи можеби треба и со резерва да се чита), но, невестата баш тоа што не треба го има направено, а гостите се избезумени.

Гостин 1: Дали сте озбилни? Откако собравте 30.000 долари, решивте дека ќе бидете алчни и сите ќе ги потрошите на себе?

Гостин 2: Пам, што ти реков за пиење преку ден. Ајде сега сериозно, навистина ли е откажана свадбата? Веќе побарав слободни денови за декември, еден месец има до тогаш.

Гостин 3: Добро, ај малце назад. ШТО?

Невеста: Дечки, ќе ве молам да се смирите, ме терате да се чувствувам нападнато и цело време ми спуштате телефон. Вие избравте да ми ДОНИРАТЕ на МЕНЕ. Ако јас сакам да ги искористам парите, што има врска како? Ви реков дека свадбата ќе се презакаже, не дека е откажана.

 

И нас вака ни правеа со датумот.

И што е најтрагично, знаете која вкоренета синтагма одговара како заклучок на текстов за датумот?

„Парите да ги вратите.”

6 ноември 2019 - 02:52