И Наоми има Јутјуб канал

И помалку следачи од многу балкански јутјубери.

И точно е тоа што се очекува. Убавини и интересно (што не може секогаш да се каже за канали со по 700.000 и 7 милиони). Каналот е стар еден месец и до сега има само седум видеа.

Едно од појаките е кога на кратко, раскажува за нејзиниот животен пат, од 5-годишна возраст, кога се појавува во спот на Боб Марли, до откривањето, кога не може да се начуди што баш нејзе ја избрале од сите собрани (плави, преубави и високи другарки), до денес, кога е синоним за она што треба да биде една манекенка.

За изгледот денес? Сигурно е генетика во прашање, обавезно стручни докторски раце, ама дај боже сите на 48 да изгледаме како на скромни 24.

И за себе заклучува нешто што треба на сите да ни биде јасно.

"I'm a work in progress."

 

11 јануари 2019 - 15:49