И Лејди Гага ќе прави шминка

Радости!

На фановите на Гага + остатокот од светот опседнат со шминка ништо не може да им избега, па забележаа дека во мај, 2018-та, компанијата на Гага - Ate My Heart аплицираше за заштита на брендот Haus Beauty. Се случи масовен восклик и се чека со какви сè производи Мother Monster ќе го почасти светот, и тоа овој свет, каде што Ријана го постави прагот многу високо.

Сега изгледа веќе се ближи денот кога ќе ја видиме, плус еден фан објави дека се појавил и сајт со името на брендот (празен, каде што можеш да оставиш мејл, па да те информираат кога ќе има ново).

Информациите што ги има сега, околу брендот се дека може да се очекуваат пудри, руменила, кармини, сјаеви, моливи, сенки, парфеми, чистачи за лице, тонери, маски, креми за лице и раце, хајлајтери, бронзери, масла за тело, марамчиња за лице, средства за сончање, средства за самопотемнување, лакови и уште (што може уште, бе?).

И вака кога ќе размисли човек, Гага пушташе хинтови на Инстаграм. Неколку коментари на постови фокусирани за шминка имаа хаштагови #haus, #hausofgaga и #hauseditorials.

Ова ќе ѝ биде прва линија, иако веќе има искуство со индустријата - учествуваше во кампања на M.A.C., со кармини и сјаеви за собирање средства за истражување за СИДА, а во 2012-та го извади парфемот Lady Gaga Fame.

Чекаме.

3 јануари 2019 - 14:59