Game of Thrones и Urban Decay

Каков феноменален маркетиншки потег.

Се ближи почетокот на последната сезона „Игра на тронови”, а Urban Decay пушта лимитед колекција посветена на серијата. И кога ќе сфатите дека светкавата црна сенка за очи се вика Taking the Black, со омраза ќе си ја погледнете досегашната колекција на шминки.

Која бре, црна сенка може да е боље од црна сенка со име Taking the Black?

Понатаму, има палета за сенки со 3Д железен трон и поделена е на четири категории - Таргеријан (светкави сенки), Ланистер (кралски металик и мат варијанти), Старк (смоуки мат и неутрални светкави) и White Walkers (ладни и ледени светки). Ако повеќе ви лежи златно, имате Дотраки, а топлата бакарна нијанса се вика Црвена тврдина.

Ќе има и четки во колекцијата - Longclaw на Џон Сноу како голема четка за сенка и „Иглата” на Арја за попрецизно нанесување (кај им текнуе!). Има и хајлајтери со имињата на сите три змејови, кармини инспирирани од жените во Вестерос.

Прашањето е како да се дојде до нив, до премиера за да се гледа во „пуна ратна спрема”, а одговорот е - не може, во Сефора ќе се продаваат (и веројатно веднаш ќе се распродадат), шминкајте се со нешто друго за премиера, дома пред телевизор.

12 април 2019 - 00:00