Poverty is sexist.

Дрескод-иронија на најјако

Ништо не кажува дека си народна жена како блуза од 380 долари, на која пишува „Сиромаштијата е сексистичка”.

Кони Бритон се појави на златните глобуси во црно, како поддршка за движењето Time's Up, ама го дотера активизмот малку подалеку, со тоа што избра блуза со натпис „Сиромаштијата е сексистичка”. Пораката ќе беше скроз прифатена да не беше без осет од проста причина што грдата блуза неколку стотици долари.

Според Е! Онлајн, се работи за дизајн на Лингуа Франка, и слични парчиња чинат околу 380 долари. Инаку, самиот натпис е од кампањата на Боно ONE, која се труди на жените да им обезбеди еднакви можности како и на мажите. На сајтот на кампањата пишува:

„Никаде на земјата жените немаат еднакви можности со мажите. Никаде. А за девојки и жени во посиромашните земји, оваа разлика е уште поголема. Нема да ја искорениме екстремната сиромаштија додека не ги срушиме бариерите кои ги држат девојките и жените во место. Сексизмот е глобален – таква треба да биде и борбата против него.”

Боно е во право, ама Бритон ја промашила темата - да носиш маица за поддршка на сиромашните, која што чини колку месечни приходи на истите тие сиромашни – малку е глупо.

10 јануари 2018 - 19:10