Дизниленд не дозволува возрасни во костими, ама има начин

Причината за ова е најверојатно очигледната: Ако влезеш со црвена перика, зелена сукња во вид на перка и лиљаков прслук во Дизниленд, сите деца ќе трчаат по тебе, затоа што си Ариел. А ниеден вработен во Дизни не ти дал упатства, па автоматски можеш да направиш нешто наопачки.

Ама вака - може.

Финтата е што опсесијата со Дизни понекогаш не престанува кога ќе наполниш 13 - напротив, те држи до 20, 30, 40, па и подолго. И посветените фанови почитуваат дека не можат да носат костим. Ама не значи дека не можат комплетно да ја посветат облеката на Дизни и на некој лик во негова сопственост.

Се вика Дизнибаундинг (Disneybounding) и концептот се состои во тоа што облеката (дури и секојдневната, за на работа) ја базираш на Дизни. Поентата е да облекуваш парчиња што можат да пројдат и на обично кафе или деловен ручек, а сепак неодоливо потсетуваат на некој лик од цртаните, или пак директно му оддаваат почит.

На пример, носиш црвена сукња со точки и маичка со Мини. Тоа е од очигледните варијанти.

Покомплицирано и поиновативно е да ја изведеш Пепелашка (пред да го запознае принцот), а притоа ниедно парче на тебе да не личи на дел што може да ти се најде за 1-ви април.

Проблемот е што ние што сме биле во Дизниленд и не ни текнало да си правиме Дизнибаундинг, сега ни иде да се вратиме назад и ја исправиме грешката.

 

20 мај 2019 - 01:08