Диор 999 и четирите жени што не носат црвен кармин

Храброто и долгогодишно тврдење дека црвениот кармин на Диор - 999 стои на секаков тен, инспирира екипа од Харперс Базар да го тестираат. Бираат четири жени, во четири различни нијанси, плус твист: ниедна не се фаќа за црвен кармин, барем не повеќе од 2 пати годишно.

Шминкерот Даниел Мартин смета дека треба да го гледаме како мејкап варијанта на дијамантски менѓуши.

Црвениот кармин е храбар, страшен и убав. А црвениот кармин на Диор би требало да е убав на секого. Ако не се крстите во црвен кармин, тогаш веројатно ќе ви биде познато чувството на „што знам... ај не денес”, затоа што или сте замислиле нешто покежуал, или ве фатило паника дека ќе претерате со дотерување само заради него.

Ќе видите дека ја нема онаа ултра-црвена боја како што сме навикнати да замислуваме црвен кармин, ама може тука лежи формулата - како да им одговара на сите.

Добар е, само што... нема шанси со најдобрите мат кармини на светот.

21 ноември 2017 - 12:26