Дајен фон Фурстенберг престанува со крзно

После Гучи, Версаче, Мајкл Корс, а од неодамна и Бурбери, најновата компанија што се освести дека не треба животни да умираат пошто нас ни се тера крзнена мода е Дајен фон Фурстенберг. Притисокот за останатите да се приклучат сè уште трае и не е со чудаци што фрлаат боја и брашно по Њујоршки улици, туку на ниво на индустрија.

Од 2015-та наваму, помалку од 15 проценти од есенско-зимските колекции на ДВФ (Diane Von Furstenberg) содржеа крзно, но сепак, модната куќа скроз престанува да користи крзно во сите наредни. Под креативната режија на Нејтан Џенден, компанијата ќе продолжи да користи етички добиени материјали, но и тесно ќе соработува со Советот на модни дизајнери на Америка во однос на решенија за оддржливост и ќе се фокусира на развивање на иновативни текстили како замена за крзно.

„Многу се радувам што технологијата ни обезбеди можност да се чувствуваме гламурозно со лажно крзно,” коментира фон Фурстенберг за одлуката да се спои со Хуманото општествто на Соединетите држави и ПЕТА за да се спречи експлоатацијата на животинско крзно.

Дајен фон Фурстенберг со крзно и Марина Абрамовиќ. Од крзното ќе се отарасиш, од Марина Абрамовиќ никад.

И Версаче престана да користи крзно.

„Време е да ја направиме оваа промена и да прифатиме одговорност да не дозволуваме убивање на животни заради мода,” вели Сандра Кампос, извршен директор на брендот. „Посветени сме на поддршка на промената кон етичка и оддржлива модна индустрија, со понуда на иновативни и софистицирани алтернативи за потрошувачите. Почнувајќи во 2019-та, ДВФ повеќе нема да користи егзотични кожи, мохер, ангора или крзно.”

Има и кожа од печурки, на пример.

Овие вести доаѓаат од првата сезона без грам крзно на Лондонската модна недела и ќе извршат притисок Њујорк, Париз и Милано одново да ги разгледаат нивните ставови. Со охрабрувањето на позитивната промена, следниот чекор е да се изгуби потребата од било какви животински материјали. Прашањето е, кој е следниот дизајнер што ќе ја следи Стела Макартни?

8 октомври 2018 - 15:04