Бети Дејвис за глупоста на Џоан Крафорд

Првата сезона на серијата Feud, или „Непријателство“ на Рајан Марфи, ја раскажува приказната за епското ривалство меѓу Џоан Крафорд и Бети Дејвис, кое достигнува кулминација на снимањето на „Што се случи со Бејби Џејн?“ Заврши во април, со 8 епизоди.

Ако не ја гледате серијата, пропуштате многу, затоа што Сузан Сарандон (Дејвис) и Џесика Ланг (Крафорд) маестрално ги изведуваат овие два живописни ликови. Сузан Сарандон тврди дека креаторот на серијата обожава жени, и тоа е кристално јасно кога човек ќе се фокусира на сценариото. Дејствието опфаќа крах на неколку личности, амбиција на жени кои се борат со годините во еден машки свет и еден тон докази дека за жените важи „заедно сме посилни“, но уште повеќе и „Раздели, па владеј.“ Џоан Крафорд и Бети Дејвис од самиот старт на нивните кариери се хушкани една против друга, за да може Ворнер Брос да ги контролира полесно.

Сепак, разумот останува кај Бети Дејвис. Во овие минута и 47 секунди, физички остарена, а со неуморен дух, таа одговара на прашање за Џоан Крафорд. Ова е многу години по снимањето на Бејби Џејн, филмски проект во кој имаат влезено затоа што во време на подем на Мерилин Монро и слични - нив никој не ги вика.

Но, бидејќи Џоан Крафорд имала сериозни психички проблеми (гледајте го Mommy Dearest), и е љубоморна на сè живо поврзано со Бети Дејвис, не може да се помири дека за филмот за главна женска улога е номинирана - само Дејвис.

15 јуни 2017 - 15:31