Ама стварно, кој друг би ја глумел Барби?

Официјално е потврдено дека Марго Роби ќе биде Барби на филм, и фала ѝ што се појави со време, зошто ќе требаше Ејми Шумер.

Супер си е Ејми Шумер (без разлика што некои тврдат дека ги краде вицовите и) без разлика што филмовите не и се богзнае колку смешни, ама идејата за која се шушкаше пред некоја година, дека ќе ја оживее Барби на филм беше прилично непријатна. Да, беше еден од низата обиди да се потврди дека „Барби е за сите” и „Барби е како и секое несовршено девојче”, само што на некој изгледа му текна дека, иако постои искрена желба да му се удоволи на светот, Барби сепак Е совршена и како таква, ред е да ја глуми и девојка што се вклопува во изгледот. А дека ќе направат приказна каде што и Барби има некаква (внатрешна) несовршеност, знаеме дека ќе направат. И тоа е во ред.

Се зборуваше дека и Ен Хатавеј може да дојде во предвид, но сепак, на радост на сите сегашни и бивши девојчиња, Барби е заштитена од разулавените толпи што се борат за социјална правда.

Марго Роби со секој филм уредно си ја воодушевува публиката, не само со изгледот туку и умешноста за занаетот и интересно ќе биде да се види дали Барби ќе ја направат покомплицирана од Харли Квин. Роби ќе биде и продуцент, датум уште немаме.

Чекаме.

11 март 2019 - 00:45