Ама, што им фалеше на камшикот и лисиците?

Помина тоа време кога за камшик, лисици и врзување во кревет се викаше перверзија. Луѓето се толку иновативни, што садо-мазо уште малку ќе влезе  во категорија „држење за раце”.

Меѓу вас има такви што сè ги интересирало, па сите фетиши ги испитале, макар и на Википедија, не мора лично. Покојни Тамблр за тоа беше измислен - да научиш нешто ново, ма колку и да не те интересира да го пробаш сам.

Таму може и прв пат сте ја сретнале кратенката - DD LG, што доаѓа од Daddy Dom и Little Girl (дом како доминантен, другото ви е јасно).

А може и не сте ја сретнале.

За невините души меѓу вас, зад затворени врати и екрани, луѓето од двата краја на оваа проблематика се наоѓаат и си ги играат овие фетиши, поточно - живеат како доминантен маж и мало девојче што го слуша, си игра со него и кога треба, поточно, кога е непослушна - трпи казна. Благи закачки од овој тип не се невидена работа, а продуцентите во порно индустријата често радо си ги користат. 

Екстремот, како во случајов, е нешто друго.

Во рурален Тенеси живеат Вејд и Мишел, среќен брачен пар, навидум обичен, а кога без да сакаш (еве вака, Јутјуб ќе ти ги предложи) ќе им ѕирнеш дома, сè што можеш да искоментираш е „Морам ли ја све да знам?”

Мишел сака да се трансформира во мало девојче и по цели денови да се облекува, да си игра и да се однесува како тригодишна. Вејд е авторитетот што ја контролира, ја игра, ја храни, ѝ менува пелени (најозбилно), ја казнува кога ќе направи беља и го вика „daddy”.

Се прашувате дали е нормално фетишот, без разлика што вклучува двајца возрасни уживатели, да се базира на тоа еден од нив да се однесува како наивно, невино дете?

Сè што може да се каже во случајов е дека реални деца, фала богу, нема. Има возрасни што си нашле начин да си го зачинат бракот. Некој со долен веш, некој со камшик, некој со - пелени. 

Патем, кога ја видовте дефиницијата погоре, замисливте слатка девојка, како излезена од порнич, во школска униформа, или слично? 

Ова е еден од повруќите шамари на реалноста:

п.с. И насловот на оваа статија е малку екстремен. Ние во Офф Нет, сектор Офф Кафе ги поддржуваме сите фетиши каде што двајца возрасни уживаат еден во друг и свесни сме дека сè што се случува во нечија спална не е наше за коментирање. Ама па, овие нè поканија. И ако, со среќа нека им е.

п.п.с. Мислите дека откако е излезено видеово, ги прашуваат „дечиња кога?”

9 јануари 2020 - 14:33