Сега кога имаме пристап до статии, предавања и видеа кои би ни помогнале со интроспекција, не сме толку глупи и површни како порано. Јасно ни е, бесот и стресот знаат да експлодираат при депресија, немање контрола, или кога се чувствуваме невидливи за луѓето кои баш сакаме да нè видат.
Има и поточно објаснување.
Ненадеен бес знае да се појави поради непочитување на сопствените граници. Помислете на сите наврати кога ве викаа да излезете за време на празнициве. Нејќевте, ама излеговте. И глупо ви беше? Затоа што, со секоја активност што не сакаш да ја правиш, а магично излегува дека ја правиш, си поблиску до збеснување. Исто и кога некој ти ги негира емоциите и ти кажува ти што мислиш.
Имаме спиритуални граници, емотивни, социјални, сексуални, и често знаеме да одиме против себе и сами да си ги нарушиме.
Лошата вест е дека сами сме криви. Добрата е дека пак од нас зависи.