Ако немаш другарки за девојачко, викни ги другарите

Не е фер да ги делиме индустриите на машки и женски, ама нема смисла ни да се преправаме дека повеќето девојки што ги знаеме и работат како компјутерски инженери не работат најчесто меѓу мажи.

И сега, имаме моминска забава, нагалено - девојачко. И нели, на филмовите тоа оди со женска вечер, маски за лице, лакирање, исти бањарки, разубавување, сè тоа со другарки... Или колешки?

Во канцеларија сте десет души. Само едно девојче, што е истовремено невестата. И што правите? Одите во кафана? На пиво? Во диско?

Не.

Се разбира дека секако ќе правите девојачко.

Нема боље.

извор

19 мај 2017 - 17:09