Адидас Х Војна на ѕвездите

Наскоро доаѓа најновиот Стар Ворс, а вие можете да го дочекате во пригодни патики.

Добро, не можете, затоа што тука ги нема, ама теоретски, де.

Во соработка со Лукасфилм, Адидас ја смисли колекцијата Space Battle, инспирирана од бродовите на Галактичката империја и Бунтовничката алијанса. Фановите ќе можат во дизајнот да препознаат детали од X-Wing Starfighter, Millennium Falcon и Death Star, а боите ќе бидат силни и во духот на популарни Стар Ворс елементи.

Можеби најзанимливо на патиките е што ќе има и популарна фраза испечатена на нив, како на пример, The Force will be with you, always и The power of the Dark Side.

Цените се од 180 долари нагоре, зависи од моделот.

Пуштени се во продажба и се одличен поклон за ултра-фанови на филмот, а се ближат празници, така што... Видете што ќе направите, а thank you-note можете да ни пишете откако ќе ви заплака Стар Ворс-фанот во вашиот живот и со солзи, вљубено ќе ги шета околу елка.

27 ноември 2019 - 00:00