5 чекори за менување на потрошувачките навики

Полека да се откачиме од прашањето „Кај ми одат парите?”

Треба да знаете како се формираат

Во книгата „Моќта на навиката”, Чарлс Дуиг објаснува дека навиките минуваат низ магичен круг на предизвик-рутина-награда. Прво, нешто ни прави тригер за одредена активност. Влегуваме во рутината на таа активност и добиваме награда. На пример, да речеме дека имате навика да потрошите 50 денари на оброк секој ден во 4 попладне. Треба да направите чекор назад и да согледате кој ви е тригерот. Гладни сте во тоа време? Ви треба пауза од работа? Ако вистинската награда е да се излезе на воздух, можеби ви треба нова навика - на пример, излегување на прошетка. Одвикнувањето почнува со разбирање на оваа едноставна филозофија.

Создавањето на навиката почнува со идентификување на предизвикот. Што ќе ви биде тригер? Можете да изберете точно време во кое ќе правите нешто, или да ја поврзете навиката со друга активност. Потоа, изберете ја наградата што доаѓа потоа - ќе се почастите кафе, или ќе спиете уште еден час за викенд. И на крај, ви треба план за да ги споите овие чекори.

Закажете редовни проверки

Треба да се препознае дека грижењето за парите не е еднократна активност. Бара активно одржување во текот на целата година.

Формирање или одново разгледување на финансискиот план е како одење на редовен медицински преглед. Може да е напорно, но во секој случај е подобро да се спречи, отколку да се лекува. Затоа, бидете проактивни и наместете се на добар пат за претстојната година. Разговарајте со финансиски планер, или сами направете го концептот. Колку и да ве мрзи, би било фино да ви е приоритет.

Можете да користите потсетник на календарот и посебна и-мејл адреса, или апликации за регулирање на финансии со вклучени нотификации. Проверувајте ги средствата (долгови, трошоци и кредитоспособност) активно, исто како кога би воделе бизнис. Ако ништо друго, проверувајте си ги изводите на месечно ниво.

Креирајте анти-цели

Бихејвиоралниот економист Ден Ариели зборува за идејата на поставување анти-цели - кога ќе потрошиш на нешто, мораш да ја разбереш размената што се случува - што добиваш, а што не. Даниел Шрајбер, директор на стартапот за осигурување Лемонејд, објаснува: „Кога размислуваш дали да потрошиш 100 долари на некој гаџет, важно е да имаш нешто опипливо - анти-цел - нешто што нема да го добиеш како резултат. Тогаш ќе ти се појави здрава кочница и ќе посакаш да ја пресметаш вредноста на нештото на кое сакаш да потрошиш пари.”

Возете го допаминот

Бројни студии покажуваат дека и најмалите промени во околината можат да имаат неверојатно влијание на нашето однесување. Затоа, можете да парите да си ги регулирате на начин што нема да ви биде тежок - една финта е да ги држите апликациите за лични финансии веднаш до апликациите за социјални мрежи што знаете дека ги проверувате редовно.

Значи, соберете го допаминот од Инстаграм, па со тоа гориво, влезете да видите до каде сте со трошоците.

Потсетници во календар

За да се држите на прав пат во текот на целата година, паметно е да ставите автоматски потсетници. Направете списоци на обврски во дигиталниот календар и ставете аларми што ќе ве потсетат кога ќе им дојде време. Ќе ви требаат неколку минути за ова, а сигурно ќе се исплати. Гледајте на тоа вака: ви се чини попаметно да ги држите сите овие датуми во глава или во телефон, на клауд? Бонус: наместете ги алармите во време од денот кога знаете дека веднаш можете да ги видите и кога имате време и мрежа да ги средите веднаш - на пример за време на пауза или кога и да седнувате да проверите лични мејлови.

15 мај 2019 - 10:56