14 работи што треба жените да ги научат пред 40

Генерација Икс да ви каже нешто.

Време е конечно да се биде паметен, затоа што на возраста веќе не можеме да се вадиме.

Да научите:

1. Како да престанете да се извинувате

Аман, не се извинувајте на гинекологот што не ви се избричени нозете. Заборавете го тоа „леле извини, јас чекам термин за депилација, знаеш како е…”, го заболе гинекологот. Ако не ви се волонтира/излегува/дружи, кажете дека не можете. И не мора да биде грубо, доволно е „фала ти што ти текна, ама нема да можам викендов.”

2. Како да лажете без око да ви трепне

„Фала, отсекогаш сум сакала вакво”, „Супер ти стои!” и „Не кажувам на никој, ветувам.”

До сега веќе требаше да знаете. Јасно ви е дека штитењето на нечии чувства е понекогаш поважно, дека вашата вистина понекогаш и не мора да се чуе и дека што вие мислите е само ваша работа. Зборувајте вистина кога можете, ама и лажете кога треба.

3. Како прифатите дека критиката не е фатален удар

Ниту е тоа страшно, ниту петте кила вишок што ги имате се страшни. На работа не им се допаѓа некаков извештај. Штета. И? Никој не ве мрази, само ви е глуп извештајот. А може и ви е паметен, ама не го есапат. Не мора цел живот со тоа да се бавиме. Како што не мора да се бавиме цел живот ни дека таму некоја колешка рекла „нешо си ми попраена.”

4. Како да го искористите времето за себе најдобро што може

Ретко се случува да имаш часови или цел ден за себе. Природно сме склони да се фокусираме на малите задачи што упорно ги одложуваме. И добро, усисајте, ајде. Ама после тоа посветете се на некое хоби, нешто што е само за вас. Слободното време користете го мудро и себично.

5. Како до вистински оргазам

Добро, кажавме дека треба да се знае да се лаже. Но, за ова ви е попаметно да престанете да лажете. Многу повеќе жени лажираат оргазам отколку што се пријавиле. Замара тоа. На партнерот кажете му што ви треба за да стигнете до таму. Нека не ви е криво ако треба време. Или ако едноставно не може тој да постигне. Постојат вибратори, покажете му ги.

6. Како се користи вибратор

Американскиот колеџ на акушери и гинеколози препорачува секс-играчки како начин жените да се борат со сувост во вагината, намалено либидо, атрофија на мускулите и болки при секс кои можат да настанат поради падот на нивото на хормоните. Ако веќе користите вибратор, супер. Ако ви е непријатно, нека ви текне - и доктори препорачуваат. Фала богу, сексуалната технологија веќе чекори заедно со уникатните потреби на демографијата-жени над 40.

7. Како да создавате и да цените пријателства со различни луѓе

Кој вика дека пријателите не можат да бидат 10 години постари или помлади? Разноликоста не го зачинува само животот, туку е и составен дел од оние филмски друштвени кругови.

8. Во ред е да бидеш уморна и да си легнеш во 9

И во 8 исто. Што ти е гајле.

9. Колку е опасно да го земаш партнерот здраво за готово

Кога си со некого долго време, страсниот бакнеж што порано сте го делеле на секое гледање знае да се претвори во буб во чело, па во „здраво” од далеку, па во едвај погледнување кога ќе се вратиш од работа. Ценете ги сите ситници што партнерот ги прави за вас. Не се навикнувајте, па да ви се здосади.

10. Како мала промена во ставот може многу да смени

Животот е 10 проценти од она што ти се случува, другите 90 се твојата реакција на тоа. Не се дружете со луѓе што нонстоп се жалат. Ставовите се заразни.

11. Како да се појавите

Кога другарка ти има прва изложба, појави се. Кога се разведува, појави се. Кога ќе и умре некој, појави се, дури и ако треба да возиш четири саати до таму. Поминувајте ги овие нежни моменти со најблиските, кога знаете дека им значат.

12. Ако си зафатена 24/7, не значи дека си поважна или посупериорна од другите

Само си зафатена.

13. За што и да се случува, не е се врти светот само околу тебе

Кога си помлада и излезена, го вовлекуваш стомакот и гледаш ниедно влакно да не ти штрчи од глава. А главно, никој не обрнува толку внимание. Луѓето мислат дека секој еден на некаква забава ги критикува за нешто, а всушност, секој е фокусиран на себе. И ако некој се најде што ќе ви каже нешто што ќе ве повреди, скоро и да е сигурно дека се однесува на нешто што него му се случува во животот и нема врска со вас.

14. Како да ги зачувате важните работи

Океј, ги снимивте првите зборови на детето, првиот разговор за дали постои Дедо Мраз. И толку многу сте опседнати со снимање на секој момент од животот на детето, што заборавате да снимите типична семејна вечера додека сите се смеат (или се караат). Мислите дека ќе ви текне каква била собата на вашето дете кога имало 7 години? Можеби. Ама можеби и не. А можеби и немате деца. Тогаш, што фали да снимате кафиња со другарки, возења до Белград и Солун со партнерот или како ви изгледал дворот баш во 2012-та?

10 октомври 2019 - 14:20