Почина професорот по филозофија Сидо

Стефан Сидовски - Сидо (1946) повеќе од три децении предаваше филозофија во „Корчагин“. Беше голем познавач на филмската уметност и автор на неколку филмови, меѓу кои Контејнер (2008). Полуден Револуционер (2015), Raison d’etre (2006), Средба (2014), Големиот оратор (2007), C’est la Vie (2016). По пензионирањето работеше како вонреден професор на Универзитетот ЕСРА, каде предаваше теорија и историја на филм.

Неговите ученици ќе го паметат како неверојатно инспиративен, секогаш подготвен за разговор и совет и вон часовите. Со препознатливиот качкет и скромната појава беше редовен посетител на сите културни настани во градов.

Замина уште една скопска легенда...

Филм на Тамара Котевска во продукција на ФДУ, посветен нему

4 јули 2019 - 14:14