Кратка приказна за Исланд

*****

Реакција од читател:

Како што не информира соодветната статија на википедија, Борис Малагурски е познат „теоретичар на заговори“ и редовно пишува за еден од најпознатите бастиони на плиткоумни глупости, globalresearch.ca (бтв омилениот извор на „вистини“ на М. Велиновска), за кој колегите од Rationalwiki ќе напишат:

“…website that can't distinguish between serious analysis and discreditable junk — and so publishes both (…)Whenever someone makes a remarkable claim and cites GlobalResearch, they are almost certainly wrong.“

И во ова видео, Малагурски останува доследен на својата гротесктна борба со реалноста: мешајќи ги фактите со измислиците преку невешто спинување, во своето видео Малагурски, меѓу другото, сугерира дека:

1. Icesave е некаков си пакет со неолиберални мерки на ММФ наменет за „спасување на Исланд“.

Всушност, Icesave е бренд на исландската банка Landsbanki и нема благе везе со никаков пакет на ММФ. „Пакетот на ММФ Icesave“ е чиста измислица која е или резултат на раскошното незнаење-неразбирање на Малагурски (кое веќе го има демонстрирано во своите досегашни дела), или е намерна, злонамерна лага, или и едното и другото истовремено.

2. ММФ нудел да го спасува Исланд, но Исланд одбил.

Ова е двослојна лага. Токму обратно, Исланд е оној кој побарал заем од ММФ за пополнување на буџетските дупки. И не одбил ништо, туку си добил: околу 5 милијарди долари, распоредени во неколку транши од 2008 до 2011.

3. Претседателот Рагнар „прв се спротивставил на еу и ммф“.

Повторно повеќеслојна бесмислица. Како прво, шкк значи „прв се спротивставил...“? Прв? Пред него никој не се „спротивставил“? Како второ, шкк значи „се спротивставил“? Вистина е дека Рагнар го критикувал ММФ затоа што недоволно помогнал на Исланд (потсети се на точка 2: Исланд БАРАЛ, а не ОДБИВАЛ помош од ММФ!). Значи, не се спротивставил (?), туку плачел зашто не помагаат повеќе. Исто и за ЕУ. ЕУ не притрчала да му помага на Исланд, а Норвешка и Фарски острови му помогнале на Исланд и Рагнар им велел „фала“.

4. На Референдум, мнозинството Исланѓани го одбиле ММФ.

Исландскиот референдум нема благе везе со примање-одбивање ни на ММФ ни на ШММФ.

Рефрендумот бил за ова: Исландската банка Landsbanki пропаѓа. Но, банката има свои филијали во Велика Британија и Холандија. Во тие филијали многу Британци и Холанќани штеделе пари. Дали треба Исландската влада (т.е. граѓаните преку даноците) да им ги надоместат парите кои енглезите и холандезите ги штеделе во исландската банка? 98%, нормално, рекле „не“. Каква врска има ММФ со ова? Точно никаква.

5. Исландските банкари отишле у затвор.

Слично на повеќето земји опфатени со финансиската криза, само неколку поединци отишле у затвор. Повеќето не отишле никаде.

6. Банките ги отпишале долговите на граѓаните

Да, парите кои пропадната ИСЛАНДСКА банка им ги должела на БРИТАНСКИТЕ и ХОЛАНДСКИТЕ граѓани. ТИЕ долгови се отпишани.

7. Кандидатот Јохансон ќе прави нешто револуционерно: директна демократија во која за најважните прашања граѓаните одлучуваат на референдум.

Директна демократија одамна функционира во Швајцарија, а за најважните прашања граѓаните одлучуваат преку референдум во повеќето демократски земји.

Филип

 

20 април 2017 - 09:21