Ќе има рокање во Кабрио: Доаѓаат Brass Against!

Светски познатиот кавер бенд од Њујорк – “Brass against” ќе го одржи својот прв концерт во Македонија на 19. Јуни, со почеток во 21 часот во скопскиот клуб Cabrio. Оваа американска брас атракција, како што ги нарекуваат музичките критичари низ светот, пред нашата публика ќе одржи двоиполчасовен концерт, изведувајќи ги песните на култниот бенд “Rage Аgainst the Мachine”, кој своевремено продаде 16 милиони плочи низ светот и сѐ уште се смета за една од мзички и политички највлијателните групи.

Ова ќе биде нивен прв настап пред македонската публика, а во пресрет на концертот порачуваат дека во овој политички предизвикувачки период мора да се спротиставиме на “машинеријата” и тоа со извонредна музика.

Влезниците можете да ги купитево продажната мрежа и онлајн на karti.com.mk по следниве цени:

500 денари - до 18.06.2019

600 денари - на ден на концертот

“Би било несериозно да не го воочиме ова специфично време во кое живееме. Сакаме нашата музика да не биде само звук кој ќе ве инспирира,туку со предизвикување емоции кај луѓето да поттикнуваме на акција. Создаваме извонредна музика со политичко шило. Ние сме лути, инспирирани, подготвени за промени и се надеваме дека нашата музика кај секого што нè слуша ја крева оваа енергија".

Бендот го води гитаристот Бред Хемонд, а вокалот кој ќе ја импресионира македонската публика е Лиза Колби. Придружени се од 20-тина одлични музичари околу нив, а заедно со широкиот спектар на инструменти прават извонредна музичка синергија и позитивна движечка сила кај публиката.

BRASS AGAINST е оваа банда:

Brad Hammonds –фронтмен-гитара; Andrew Gutauskas – музички директор, саксофон; Lisa Colby- вокал; Sophia Urista –вокал; Maya Azucena – вокал; Mazz Swift -вокал, електрична виолина; Amanda Brown – вокал; Samuel Hope – вокал; Darius Christian – вокал, тромбон; Mariel Bildsten – тромбон; Frank Cohen – тромбон; Eli Chalmer – тромбон; Melissa Gardiner – тромбон; Wayne Tucker – труба; Oskar Stenmark –труба; Tyler Tritt – труба; Kai Sandoval – труба; Bruce Harris – труба; Kenneth Bentley – соусафон; Corey Wilcox – соусафон; Steven Duffy – соусафон; Nathan Bell – тапани.

Во рамките на на светската турнеја, овој бенд на 11. јуни ќе настапи во Лондон (O2 ARENA), како специјален гостин на Lenny Kravitz, а како дел од ова исклучително музичко доживување ќе настапи и во Љубљана на 14. јуни, Софија 22. јуни, Белград 23. Јуни.

Во Скопје ќе може да ги уживаме на 19. јуни.

11 јуни 2019 - 14:08