Вонземјаните се веќе на Земјата и се вкрстуваат со луѓето

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Опсервер.

Професорот Јанг-Хе Чи од Оксфорд во својата книга тврди дека вонземјани се вкрстуваат со луѓе за да создадат нов хибриден вид, кој ќе нè спаси од климатските промени.

Чи е професор по корејски јазик на Оксфордскиот ориентален институт. По воведното предавање на оваа тема во 2012 година, тој сега напишал книга за своите шпекулации, насловена како „Вонземски посети и крајот на човештвото”, во која тој тврди дека овој хибриден тип е клучот за справување со климатските промени. Меѓутоа, тој вели дека сé уште бара дополнителни докази за да ги поткрепи своите гледишта.

„Хибридите”, како што тој ги нарекува, настануваат во текот на „киднапирање” на луѓе, а доаѓаат во разни форми на вонземјани – од мали, високи и со змиски очи, до инсектиоидни, за кои Чи верува дека се шефови и издаваат наредби на другите видови.

Овој професор верува дека токму тие последните се „главните“ и оти издаваат наредби на другите.

Вонземјаните постојат во сопствениот био-систем, кои луѓето не можат да го доживеат, бидејќи нашата перцепција е ограничена само на нашите органи, тврди професорот.

Чи верува дека вонземјаните се појавуваат на Земјата пред големи закани, како што се нуклеарна војна или климатски промени и дека ќе решат многу наши социјални проблеми благодарение на нивната извонредна интелигенција.

– Тие не доаѓаат поради нас, туку поради својот опстанок. Но, нивниот опстанок е всушност нашиот опстанок – опстанокот на целата биосфера, вели професорот.

Сепак, во предавањето од 2012 година се чини дека беше со спротивно мислење, надоврзувајќи се со американскиот „истражувач на вонземски киднапирања” Дејвид Џејкобс, со тврдењата дека овие хибриди „кои се движат меѓу нас” имаат многу лоша мисија и оти хибридите од првата генерација повторно се вкрстуваат со луѓето за да произведат хибриди од втората генерација, кои не можат да се препознаат со голо око.
 

2 мај 2019 - 13:39