Сите македонци на полноќ гледаат во небо и замислуваат желба: Еден предмет избегнувајте го, може да ви донесе несреќа

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Македонија.

Се верува дека девијките ноќта помеѓу 18 и 19 јануари на небото ќе го здогледата ликот на оној со кого ќе се омажат. Во некои краеви девојките користеле огледало за да го здогледаат ликот на идниот брачен партнер. Покрај огледалото се ставала и свеќи а сепак мора да се води сметка огледалото да не се прегрее и да пукне, наместо младата девојка да го здогледа ликот на оној за кого ќе се омажи може да стане жртва на едно народно верување – седум години несреќа во љубовта.

Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно.

Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината.

Во ноќта помеѓу 18 и 19 јануари, поточно од полноќ до изгрејсонце, отворете прозорец и замислете желба. Нека биде јасна и гласна, недвосмислена, полна со искрени чувства и полна со верба.

19 јануари 2019 - 07:54