Синот на покојниот Синан Сакиќ стана татко- откако ќе видите каква фотографија сподели ќе ви се заледи крвта, а од текстот ќе роните солзи

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.

Раперот Ален Сакиќ кој е син на познатиот српски пејач Синан Сакиќ стана татко.

Имено тој на својот Инстаграм профил сподели дека станал татко на близнаци, но не го соопшти нивниот пол.

Откако во јавноста веднаш започнаа колегите да му изразуваат честитки се обрати и самиот тој со фотографија од која многумина се наежија и натажија.

Станува збор за фотографија на која се наоѓаат Ален и Синан Сакиќ, а под неа тој напиша: „Повторно стана дедо“.

Ова потврдува колку му недостасува неговиот покоен татко кој почина на 1 јуни минатата година по долгата и тешка болест.

14 септември 2019 - 09:38