Работи кои носат несреќа во домот: Проверете дали ги имате!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.

Расипан часовник - според фенг шуи, скршените работи треба да ги исфрлите од куќата, а особено скршените часовници.

Црна врата - според кинеското верување предизвикува лоша среќа во вашиот дом.

Стар календар - календарот е симбол на проаѓањето на времето, а ако го користите на погрешен начин наводно може да влијае и на вашиот живот. Ако не сте ја свртиле страницата на точната дата, не е добро!

Скршени садови – садовите според кинеско верување го симболизираат богатството и семејството. Ако јадете во напукнати чинии потсвесно ги признавате проблемите во својот живот. Затоа, штом нешто напукне, веднаш фрлете го.

Билки со трња и кактуси - според одредени тие внесуваат негативна енергија во домот.

Овенати билки – еднакво како и вештачките билки се смета дека носат лоша среќа, па според фенг шуи и тие треба да ги исфрлите од куќата.

Бршлен – по старите верувања бршленот кој ползи по куќата носи несреќа.

27 февруари 2019 - 12:51